full screen background image
Search

Официјално: Volkswagen ја претстави Beetle Dune!

Инспириран од старите Baja Bugs, Volkswagen ја претстави сериската верзија на Beetle Dune – која ќе може да се добие како купе, но и како кабриолет!

Dune концептот кој Volkswagen го претстави на почетокот на минатата година беше најава за она што денес го имаме пред нас – а тоа е спортско-теренски ориентирана Буба која има неколку визуелни додатоци кои ја прават поробустна, но и повисока суспензија и поширок траг на тркалата. Познавачите ќе препознаат нови браници, ксенонски предни светла и LED задни светла и уште некои додатоци.

Во Америка, Beetle Dune ќе се продава со 1.8-литарски TSI турбо-бензинец кој нуди 170 коњски сили и 250 Nm вртежен момент, и ќе се нуди ексклузивно со 6-степен автоматски менувач. Во Европа ќе се нудат три турбо-бензинци и два турбодизели – со моќност од 103 до одлични 220 коњски сили! Нема информации ни за евентуален погон на сите четири тркала, но не би биле изненадени доколку и таа варијанта се понуди на пазарот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.