full screen background image
Search

Регулаторна: Горивата поскапуваат за половина денар!

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи дека од вечерва цените на горивата ќе се зголемат за половина денар.

Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 2.06 проценти. Преведено во цени, тоа значи дека цените на горивата се зголемуваат за 0.5 денари. Еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 63.00 денари, еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 65.00 денари, а еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 50.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.