Преку Еуроимпекс, гумите Toyo пристигнаа во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Преку Еуроимпекс, гумите Toyo пристигнаа во Македонија!

Гумите кои примарно се познати по своите спортски перформанси – Toyo – конечно и офијално се присутни во Македонија!

Генералниот директор на Еуроимпекс, г-динот Кирил Воиновски го најави ексклузивното застапништво  и пласманот на Toyo Tires брендот на македонскиот пазар и изјави:

„Еуроимпекс како компанија е фокусирана на своите клиенти. Една од нашите цели е секогаш да понудиме врвни, високо квалитетни производи, за во целост да ги задоволиме потребите на клиентите и дадеме причина повеќе за нивна лојалност. Ова е една од причините зошто се одлучивме за пласман на гумите Toyo развиени со врвната јапонска технологија.“

Интересен податок за Toyo Tire & Rubber Co. e тоа дека оваа компанија е еден од водечките светски производители на гуми со сопствени филијали или компании застапници во преку 100 земји во светот. Во овој момент компанијата брои преку 6.000 вработени, а основана е пред 70 години, во 1945-та. Седиштето на групацијата е лоцирано во Осака во Јапонија. А, во Европа, TOYO TIRES е присутна веќе 40 години, со седиште во Willinch, Германија. Деловните активности на Toyo се фокусирани на три основни гранки: пневматици/гуми, автомобилска технологија и хемикалии.

toyo-euroimpex

„Toyo Tires како бренд е добро познат на македонскиот пазар. Тој се продава во сите земји во нашиот регион, и се бележат илјадници задоволни и лојални клиенти. Toyo брендот е лидер на пазарот во Америка, а на Европскиот пазар е меѓу лидерите и константно ја подобрува својата позиција. Може слободно да се каже дека Toyo Tires е високо ценет од најспецифичните клиенти во Велика Британија, Холандија, Германија, Русија и тн,..Тој е бренд кој ги исполнува најстрогите барања од аспект на перформансите на патот, безбедноста и дизајнот. “ – изјави Ивана Манчева, Маркетинг директор.

Производите од асортиманот на Toyo секогаш се дело на најновите достигнувања и иновации што овозможува првокласно искуство при возењето.  Toyo Tires е еквивалент на јапонската технологија и е бренд со реноме и врвен квалитет, што докажува и долгата листа на автомобилски брендови во кои Toyo гумите се прво вградување т.е. како ние велиме се оригинална опрема и тоа кај: Audi (Q7, RS 4, RS 5, TT-RS, TT&TT-S), Mitsubishi (Outlander, L200) Toyota (Prius, Prius+, Rav 4, Land Cruiser/Prado), Mazda (CX5, 2, 3, 5 I Mazda6), Nissan (X-TRAIL), Renault (Megane R26.R), Daihatsu (Terios).

„Во нашата политика на работење интегриран е модул со кој ние во секоја сезона, кон нашите потенцијални клиенти, ќе понудиме нови и штотуку произведени гуми. Со овој модул, потенцијалните клиенти се директно заштитени. На самиот старт, Toyo гумите можат да се најдат кај нас во Еуроимпекс на двете локации како и во City Car. А, за сите потенцијални клиенти кои сакаат да купуваат on line, Toyo гумите се достапни во on line продавницата е-kupi.mk. Во тек е и развој на дилерска мрежа, која ќе брои повеќе од 10 продажни локации во Македонија.“ – изјави одговорното лице за продажба г-динот Тони Трајкоски.

Еуроимпекс, стартот на Toyo Tires брендот ќе го акцентира со своето претставување на саемот на Технома 2015 во Хала број 3. Саемот започнува следната недела, во вторник 13.10.2015 и ќе трае заклучно со недела 18.10.2015, сите заинтересирани се поканети да го посетат штандот на Еуроимпекс.

Извор: PR Euroimpex



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.