Фановите на Дакар веднаш ќе го препознаат името – Sephane Peterhansel – човекот кој има грст победи на ова рели во своето портфолио. Денес ќе го видиме зад воланот на новиот Peugeot 308 GTi!
Колку за потсетување, 308 GTi носи 1.6-литарски THP турбо-бензинец кој (во зависност од изведбата) испорачува 250 или 270 коњски сили. На верзијата со 270 коњски сили и требаат само 6 секунди да постигне 100 километри на час. Погледнете го видеото и видете што овој неверојатен возач има да каже за спортскиот Peugeot 308 GTi!