Mitsubishi најавува нов електричен погон со eX Concept! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mitsubishi најавува нов електричен погон со eX Concept!

Јапонскиот производител за домашното автомобилско шоу во Токио подготвува концепт на електричен SUV.

Според Mitsubishi, eX Concept ги комбинира „елеганцијата и стилизираноста на shooting brake со линиите на компактен SUV.“ Интересно е што според Mitsubishi, како екстериерот, така и ентериерот на концептот се одлична индикација за идните модели на брендот.

Дизајнот на eX Concept е инспириран од Dynamic Shield елементите на брендот. Се забележува и лебдечки кров кој користи маскиран заден столб за да наликува дека е неповрзан со остатокот од автомобилот. Сега за сега нема технички детали, но според Mitsubishi, концептот „нуди визија за уникатен, целосно-електричен компактен SUV кој цели кон растечкиот пазар за вакви модели.“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.