Новиот Volvo XC90 и официјално претставен пред македонската јавност! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Volvo XC90 и официјално претставен пред македонската јавност!

Денес, во прекрасниот амбиент на винаријата Камник, своето официјално македонско деби го имаше гламурозниот SUV на Volvo – големиот XC90!

Со својата грандиозна појава и елегантен поглед, во Македонија пристигна еден од најпосакуваните атомобили на денешницата. Новиот XC90 е вистинско освежување во сегментот – и со својот храбар дизајн се наметнува како достоен конкурент во класата на големи, премиум SUV автомобили.

volvo-xc90-press2

Најважната карактеристика – безбедноста, на која во последно време многу често забораваме при изборот на нашиот семеен автомобил, кај новиот Volvo XC90 е доведена до самиот врв на автомобилската индустрија – всушност, новиот XC90 е автомобил со убедливо најдобар резултат на EuroNCAP тестирањата – со освоени максимални 100 од можни 100 поени! Со комплетно новиот модел, направен е значителен чекор поблиску до 2020 визијата на Шведската компанија – која налага дека во сообраќајните незгоди во кои еден од учесниците е сопственик на Volvo, нема да има ниту загинати, ниту тешко повредени лица.

volvo-xc90-press3

Комплетно новиот Volvo XC90 го прават исклучителен и сестран уште неколку иновативни детали. Тука се престижниот и супериорен кожен клуч, можноста за контрола на автомобилот преку сопствениот мобилен телефон, ергономските предни седишта со вентилација и функции
за масажа, LED светлата за дневно возење, модернизираната интерпретација на лесно препознатливите Volvo светла кои ја красат задната страна, системот за проверка на квалитетот на внатрешниот воздух, филтерот со активен јаглен кој ги штити патниците од штетните гасови
и непријатни миризби, различните начини на возење кои ги задоволуваат индивидуланите стилови и го прават прилагодлив на различните временски услови и прилики: Comfort, Eco, Dynamic, Off-road и Individual.

volvo-xc90-press4

Новиот СУВ доаѓа во комбинација со пет или седум седишта и со дволитарски дизел мотор со снага од 225 коњски сили. И останатите мотори во понудата имаат исклучиво четири цилиндри и зафатнина од два литри. Во понудата е и бензиски мотор со 320 коњски сили, како и хибриден модел кој има 400 коњски сили.

Поврзано:   Volvo го произведе последнoто возило со дизел мотор

Цените започнуваат од 81.900 евра за XC90 D5 AWD Automatic со 225 коњски сили во Kinetic ниво на опрема. Ние наскоро ќе имаме можност подобро да го запознаеме новиот XC90, па ќе ви ги пренесеме нашите целосни импресии.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.