Регулаторна одлучи – цените на горивата остануваат непроменети – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Регулаторна одлучи – цените на горивата остануваат непроменети

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи дека од вечерва на полноќ ќе купуваме горива по истата цена како и досега.

Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените, малопродажните цени се намалуваат во просек за 0.02 проценти. Преведено во бројки, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ остануваат непроменети, и еден литар од овие горива ќе чини 62,50, 64.50 односно 50 денари.

Старо-новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.