full screen background image
Search

Максималната брзина во населени места намалена на 50 километри на час; останува обврската за користење светла и преку ден!

Со најновите измени во законот за безбедност во сообраќајот, максималната дозволена брзина во населено место се намалува од 60 на 50 километри на час.

Собранието на Република Македонија го усвои новиот закон за Безбедност во Сообраќајот на Патиштата, а најважната измена се однесува на намаленото ограничување на максимална брзина во населено место.

Од стапувањето на измените на сила (кои прво треба да бидат објавени во Службен Весник, за 8 дена по објавувањето да стапат на сила) максималната брзина во населено место се ограничува на 50 километри на час. Возачот не смее да се движи со брзина поголема од 50 километри на час, односно брзина дозволена со сообраќаен знак. Законот овозможува зголемување на брзината до 70 километри на час, но само во специјални услови – односно кога сообраќајно-техничките елементи тоа го дозволуваат.

За надминување на максимално-дозволената брзина во населено место се предвидени и соодветни казни. За надминување на максималната брзина до 10 километри на час предвидена е казна од 10 евра, односно 10 негативни поени. За надминување од 10 до 30 километри на час предвидена е казна од 45 евра или 25 негативни поени. За надминување на брзината од 30 до 50 километри на час предвидена е казна од 300 евра и одземање на возачката дозвола во период од 3 до 12 месеци. Оние кои ќе ја надминат максимално дозволената брзина за повеќе од 50 километри на час ќе добијат казна од 400 евра и возачката ќе им биде одземена 6 до 12 месеци.

Дополнително, ги предупредуваме возачите дека останува на сила обврската за користење на соборени светла како ноќе, така и дење. Казната за некористење светла преку ден е 15 евра, за ноќе е 35 евра.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.