Започна производството на новата Lada Vesta – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Започна производството на новата Lada Vesta

AvtoVAZ конечно го започна производството на својот најнов модел – новата Lada Vesta!

Lada Vesta веќе изнуди многу реакции од јавноста – и тоа реакции кои се воглавно позитивни. Автомобилот кој (во Русија) ќе чини меѓу 465.000 и 600.000 рубљи (односно околу 7000 до 9000 американски долари) е поставен на целосно нова LADA B/C платформа, развиена во соработка со Renault/Nissan.

Автомобилот ќе носи 1.6-литарски, 16-вентилски атмосферски бензинец развиен од Lada кој нуди 106 коњски сили, кој ќе ја пренесува силата преку 5-степен мануелен менувач кој потекнува од Reanult. Понатаму се планира и автоматски менувач, како и 8-вентилска верзија на истиот мотор која би нудела 87 коњски сили, а ќе се понуди и 1.6-литарси бензинец од Nissan со 114 коњски сили. Lada Vesta е долга 4410 милиметри и има багажен простор со капацитет од 480 литри.

Според AvtoVAZ, 71% од деловите ќе бидат произведени локално, и на почетокот компанијата ќе се концентрира на домашниот пазар – но Vesta најверојатно ќе се појави на многу пазари ширум светот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.