Mazda најавува концепт за нов спортски автомобил! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mazda најавува концепт за нов спортски автомобил!

Саемот на Автомобили во Токио ќе се одржи кон крајот на месецов, но јапонските производители веќе започнаа да се подготвуваат за вистинска борба на домашен терен – а први својот концепт го најавија луѓето од Mazda!

Сега за сега луѓето од Mazda си ја држат устата затворена кога станува збор за новиот концепт, но сепак најавуваат дека „целата историја која Mazda ја има со развивање спортски автомобили е претопена во еден модел.“ Оваа најава звучи навистина интересно и веќе почнуваат да се шират гласини дека Mazda повторно ќе претстави спортски автомовил со Ванкелов бензински мотор – како што беа легендарната RX-7 и несекојдневната RX-8.

Останува да причекаме до крајот на месецов!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.