full screen background image
Search

Вечерва е свеченото отворање на новиот салон на BMW и MINI!

По повод свеченото отворање на новиот салон на BMW и MINI во Македонија, импортерот М-Кар одржа прес конференција на која беа презентирани најважните детали околу компанијата.

На прес-конференцијата се обрати генералниот директор на М-Кар – Марко Јовановски, кој зборуваше за вкупната инвестиција од 4.5 милиони евра која ќе биде направена долгорочно со цел да се одржи квалитетот кон клиентите кои тие го очекуваат. Новиот импортерски центар има одлично-опремен сервисен центар, како и големен лимаро-фарбарски сервисен центар со импресивен капацитет и можности. Според кажаното, сите услуги ќе ги извршува стручно-подготвен кадар кој е обучен во Германија.

bmw-mini-m-kar2

Ние еднаш веќе го посетивме салонот на BMW и MINI, додека подготовките сè уште беа во тек, но сега со задоволство можеме да кажеме дека салонот е целосно завршен и подготвен да ги пречека досегашните, но и новите клиенти на овие два светски-познати брендови!

bmw-mini-m-kar3

За вечерва е закажано свеченото отворање, а ние ќе пренесеме импресии и од тој настан.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.