full screen background image
Search

Suzuki доаѓа со нов Ignis, но и три нови концепти во Токио!

Suzuki на саемот на автомобили во Токио ќе го претстави новиот Ignis, но покрај него ќе претстави и три дополнителни концепти!

Новиот Ignis го следи малиот и популарен автомобил кој имаше и одлични успеси како рели-возило. Малиот автомобил беше претставен пред неговото официјално деби на саемот на автомобили во Токио. Дизајнот е храбар и модерен – една од најважните работи кај малите автомобили. Ентериерот е едноставен и функционален, а од фотографиите изгледа како да ќе има многу простор во ентериерот.

Покрај Ignis, Suzuki ќе претстави и три концепти во Токио. Првиот концепт е Ignis Trail – концепт базиран на Ignis, но со одредени доработки за да изгледа поробустен и поподготвен за авантури. Се забележуваат заштитни пластични додатоци околу крилата, кровни носачи и уште некои ситници. Воопшто не би се изненадиле ако Suzuki реши да го понуди ова како ниво на опрема во новиот Ignis.

Вториот концепт е несекојдневниот Mighty Deck. Жолтиот концепт е инспириран од возилата наменети за одење на плажа и е придвижуван од 3-цилиндерски мотор со зафатнина од само 658 кубни сантиметри, као и S-Charge електромотор. Mighty Deck има задна врата која може да се нагоди во повеќе конфигурации и „може да ги помогне животните активности – од секојдневните, па оние кои се сметаат за некаков лајфстајл.“

Третиот концепт е компактен миниван кој се вика Air Triser. Air Triser има три реда на седита за вкупно шест патници и главниот акцент тука е ставен на просторноста. Интересна е можноста за реконфигурирање на седиштата во неколку различни конфигурации – како што е Relaxation Mode – каде седиштата се завртени едно кон друго, или пак Lounge Mode каде седиштата формираат своевидна софа.

Поврзано:   Прашање на денот - Дали Suzuki Swift може да лета?

Одлични концепти на Suzuki, особено иновативниот Air Treaser – се надеваме дека ќе вид име нешто вакво во сериско производство!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.