Aутомотив Груп обезбеди медицинска опрема за Клиниката за детски болести – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Aутомотив Груп обезбеди медицинска опрема за Клиниката за детски болести

Компанијата Аутомотив Груп од Скопје повторно го организираше тенискиот турнир Nissan Open, а средствата собрани од котизацијата на учесниците ги донираше на скопската Клиника за Детски Болести.

Во понеделникот вечер во тенискиот клуб АБЦ се одржа официјалното затворање на традиционалниот хуманитарен тениски турнир NISSAN Open 2015 и прогласувањето на најдобрите во сите категории.

nissanopen-inner

Средствата од котизациите на хуманитарниот тениски турнир се наменети за обезбедување на медицинска опрема во износ од 112.500 ден за дечињата од одделот на пулмологија за клиниката за детски болести Скопје. Во форма на чек беа врачени од страна на на г. Кирил Калеников – генерален менаџер на Аутомотив Груп, екслузивен застапник на возилата RENAULT, NISSAN и DACIA на директорката на клиниката за детски болести – д.р Аспазија Софијанова која изрази голема благодарност што оваа компанија пет години по ред го користи своето место во корпоративното опкружување за хумани цели и излегува во пресрет на медицинските центри како Клиниката за детски болести.

Тенискиот турнир ќе продолжи да се организира од тимот на NISSAN и во иднина, со што ќе се потрудиме и понатаму да придонесуваме за подобрување на здравјето, соодветно лекување и квалитетен живот на најмалите , како и грижа за здравствениот систем и животната средина.

Ние од CARclub, исто како и минатата година, и оваа година ја поддржавме иницијативата и сметаме дека е настан за поздрав. Им посакуваме сè најдобро на сите учесници и се надеваме дека истата традиција ќе продолжи и во иднина.

Извор: PR Nissan



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.