full screen background image
Search

По тоталната доминација, Иџе ја освои втората европска титула!

Најдобриот македонски автомобилист и човекот кој гордо и неуморно ги бранеше боите на Македонија на Европскиот Шампионат на Ридски Патеки – Игор Стефановски – Иџе – по втор пат се закити со титулата европски шампион!

Доминацијата на Иџе започна на самиот почеток на оваа сезона, и како што и се надевавме – траеше до самиот крај. Доминацијата на Иџе е неприкосновена и никој ниту може, ниту смее да ја доведе во прашање – две зезони, 24 трки, 18 победи. Меѓу тие победи се вбројуваат и 9 нови поставени рекорди, но и двете титули кои со гордост пристигнаа во Македонија!

idze-titula

Овој викенд Иџе во Бузет го следеа и стотина македонски фанови и почитувачи на неговите успеси, кои заедно со него ја прославија втората титула и кои заедно со него се радуваа на неверојатниот успех. Нам ни останува само да му ја честитаме втората титула на Иџе, да му посакаме уште многу успех во иднина и да му кажеме дека сме навистина горди на неговиот успех и талент! Само напред, Мајсторе!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.