full screen background image
Search

РКЕ: Бензините поскапуваат половина, дизелот еден денар!

Регулаторната Комисија за Енергетика реши од вечерва на полноќ да ги зголеми цените на горивата – бензините поскапуваат за половина, дизелот за еден денар!

Согласно методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1.56%. Тоа значи дека од вечерва цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 0.5 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 62.50, односно 64.50 денари. Цената на дизелот ќе порасне за еден денар, и еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 50 денари.

Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.