Синиот овал нуди погон на сите четири тркала на осум од вкупно 16-те модели кои ги нуди – тоа е скоро половина од целата понуда!
Ford гордо објави дека нуди погон на сите четири тркала кај неколку различни модели – и тоа кај моделите Ranger и Ranger Wildtrak, Kuga, комерцијалниот Transit, новиот Edge кој наскоро треба да пристигне и во Европа, но и новото Mondeo Vignale, големиот Galaxy, практичниот S-Max и монструозниот Ford Focus RS!