За оние кои не го носат сигурносниот појас – тука е „Убедувачот“! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

За оние кои не го носат сигурносниот појас – тука е „Убедувачот“!

Полицијата од Конетикат во Соединетите Американски Држави има уникатен начин со кој ги убедува младите да го носат безбедносниот појас – го користи Убедувачот – уред кој симулира сообраќајна незгода со брзина од 5 милји на час!

„Убедувачот“ е прилично едноставен уред – автомобилско седиште поставено на лизгачка основа која е под соодветен агол за да може да симулира удар од само 5 милји (нешто малку над 8 километри) на час. Можеби не звучи како многу – но ефектите се забележителни. Ова е одлична машина која би била соодветна и на нашите улици – особено за да се обучат многуте „фраери“ кои сметаат дека носење сигурносен појас е непотребно. Погледнете за што се работи!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.