full screen background image
Search

Volkswagen Golf GTI Clubsport – Подарок за 40-тиот роденден на Golf GTI!

Golf GTI оваа година го слави својот 40-ти роденден, и најдобриот подарок кој можевме да го очекуваме е во форма на Golf GTI Clubsport со 265 коњски сили!

Volkswagen Golf GTI Clubsport е најмоќната изведба на Golf GTI на сите времиња – под поклопецот се крие 2-литарски турбо-бензинец со четири цилиндри кој испорачува 265 коњски сили. Но тоа не е сè – автомобилот има функција која дополнително ја зголемува моќноста за 10% – на вкупно 290 коњски сили за околу 10 секунди – сè што возачот треба да направи е до крај да ја притисне педалата за гас!

Благодарение на овие 290 коњски сили, Golf GTI Clubsport постигнува 100 километри на час за само 5.9 секунди доколку изберете DSG менувач (со мануелен му се потребни 6 секунди) и постигнува максимална брзина од 250 километри на час. Сепак, и покрај перформансите, Volkswagen ветува потрошувачка од само 6.7 литри во комбинирани услови.

Golf GTI Clubsport ќе го препознаете по новиот преден браник, новите странични прагови, нов заден дифузер, новиот заден спојлер како и новите 19-инчни тркала. Во ентериерот GTI Clubsport добива тркачки седишта покриени со алкантара, црвени опшивки, уникатна рачка за менувачот и уште некои ситни детали кои му даваат поексклузивен изглед на автомобилот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.