full screen background image
Search

Бензините поевтинуваат, дизелот останува со иста цена!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва поевтинуваат бензините по два денари, дизелот останува со истата цена!

Согласно методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, малопродажните цени се намалуваат во просек за 1.73%. Тоа значи дека од вечерва цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по 2 денари за литар, и еден литар од овие горива ќе чини 62.00, односно 64.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото останува иста, и еден литар дизел гориво ќе продолжи да се продава по 49.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.