Официјално: Освежен Porsche 911 Carrera, моторите се со турбо-полнач! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Освежен Porsche 911 Carrera, моторите се со турбо-полнач!

По долгите најави, Porsche ги објави деталите околу фејслифтираниот 911 Carrera – и измените одат длабоко под површината – за прв пат и основниот 911 Carrera ќе биде со турбополнач!

Освежениот 911 Carrera ги задржува 6-цилиндерските „боксер“ мотори, но со една значителна измена – моторите сега ќе бидат со турбополнач, а за прв пат кај Carrera ќе може да се добие и управување на задните тркала.

Додавањето на турбополнач кај 911 Carrera и 911 Carrera S значи зголемување на моќноста за 20 коњски сили, како и вртежниот момент за 60 Nm кај обата модели. Сега 911 Carrera има на располагање 370 коњски сили и 450 Nm, а 911 Carrera S има на располагање 420 коњски сили и 500 Nm вртежен момент. Благодарение на турбополнењето, обете верзии сега се 12% поефикасни во однос на потрошувачката на гориво.

i tebe mameto tvoe

jebo te kepshn

911 Carrera со PDK и Sport Chrono забрзува до 100 километри на час за 4.2 секунди, а на 911 Carrera S со истите опции му се потребни 3.9 секунди. Кај обете верзии времињата се намалени за 0.2 секунди. Максималните брзини за моделите се 295 километри на час, односно 308 километри на час.

Во однос на визуелните измени, како и секогаш кај Porsche – козметичките зафати се дискретни. Ќе препознаете нови предни и задни светла, малку изменети браници, редизајниран заден поклопец и уште некои ситници. Во ентериерот измените се генерално концентрирани околу Porsche Communication Management системот со 7-инчен дисплеј.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.