full screen background image
Search

Mercedes-AMG го претстави C63 Coupe Edition 1!

Како и повеќето други модели на Mercedes-AMG, и C63 Coupe ќе добие своја Edition 1 изведба која ќе биде достапна само ограничен период и во ограничени количини!

Mercedes-AMG ќе понуди две изведби на оваа верзија – едната ќе биде достапна исклучиво кај C63 Coupe Sи ќе биде во сива боја со жолти линии и детали, како и 19-инчни тркала со жолти венци. Другата верзија ќе биде поконзервативна и линиите ќе бидат во мат сива боја, а тркалата ќе бидат без жолтите венци.

Обете варијанти ќе се нудат со AMG Aerodynamics пакетот кој вклучува нов преден спојлер, уникатно-изведени странични прагови, уникатен дифузер и уште неколку ситници.

Дел од приказната е AMG Night паетот кој комбинира детали од хром и сјајна црна боја на екстериерот. Mercedes-AMG C63 Coupe Edition 1 ќе биде официјално претставен во Франкфурт!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.