Новото Volvo XC 90 веќе пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новото Volvo XC 90 веќе пристигна во Македонија!

Иако не е официјално презентирано, новото луксузно SUV на шведскиот производител е веќе пристигнато и во Македонија!

Од увозникот на Volvo – Ми-Да Моторс – добивме информација дека официјалната презентација ќе се случи наскоро, но ние сепак ја искористивме можноста одблиску да го видиме новиот голем SUV на шведскиот бренд. Првите впечатоци се мошне позитивни, и со задоволство ја очекуваме можноста да го тестираме големиот луксузен теренец.

Добивме информација дека цените на XC 90 започнуваат од околу 80.000 евра, со многу можности за персонализација. Во игра се неколку нивоа на опрема, а модел на фотографиите е во највисокото – Inscription – ниво на опрема.

Од Volvo неодамна открија дека досега се примени скоро 57.000 нарачки за новиот XC 90, и дека 76% од купувачите го одбираат токму најскапиот и најопремениот XC 90 Inscription – одличен старт за новиот луксузен SUV!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.