full screen background image
Search

Новите Mitsubishi Outlander и L200 претставени во Македонија

Новите Outlander и L200 на јапонскиот производител Mitsubishi ја имаа својата премиера пред македонската јавност!

Кај новиот Outlander веднаш се забележува значително изменетиот (и според нас подобрен) дизајн, но и новите материјали во ентериерот. Според она што го слушнавме денес, особено внимание е посветено на звучната изолација. Новиот Outlander е веќе достапен на Македонските купувачи, а цените започнуваат од 29.980 евра за Outlander во Intense ниво на опрема, придвижуван од 2.2-литарскиот DI-D турбодизел со 150 коњски сили. Интересна е INTENSE PROMO понудата која вклучува многу дополнителна опрема а чини само 1000 евра повеќе. Врвот на понудата на Outlander е INSTYLE NAVI со истиот турбодизел, кој чини 35.980 евра.

Новиот L200 нуди посовремен дизајн и веќе докажана робустност и практичност, како и докажани теренски способности. Ова е петта генерација на L200 и со преку 1.3 милиони произведени примероци, L200 еден од најуспешните модели на брендот. Новиот L200 е целосно развиен од страна на Mitsubishi Motors Corporation и ги истакнува предностите кои купувачите ги бараат – а тоа се интересниот дизајн, удобноста, управливоста и издржливоста – покрај практичноста и користноста, секако. Цените на L200 започнуваат од 26.480 евра за L200 DC DI-D NP Invite.

Ние веќе го возевме новиот Outlander, и наскоро очекувајте го целосниот извештај од нашето искуство со освежениот јапонски SUV.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.