Toyota досега има продадено повеќе од 8 милиони хибридни автомобили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota досега има продадено повеќе од 8 милиони хибридни автомобили!

Јапонскиот гигант се пофали дека одлично оди продажбата на хибридните автомобили – всушност, од лансирањето на првиот хибриден автомобил во 1997-мата година, Toyota досега има продадено преку 8 милиони вакви возила!

Првиот концепт за Prius се појави во 1995-тата година, и тогаш инженерите на Toyota имале вистински проблеми со овој автомобил – при првото стартување, поминал нешто повеќе од 500 метри, откако на инженерите им биле потребни 49 дена за воопшто да го задвижат!

toyota-hibridi2

Сепак, 20 години подоцна, Toyota е на одличен пат – досега има продадено преку 8 милиони хибридни возила (во кои се вбројуваат и plug-in хибридите, секако) – и тоа бројката од 8 милиони ја постигнаа само 10 месеци од кога беше надмината бројката од 7 милиони! Од овие 8 милиони возила, 930.100 возила се продадени во Европа, 3.887.800 во Јапонија, 2.789.100 во Северна Америка и уште 441.400 во други земји во светот.

Според Toyota, 8-те милиони возила досега имаат заштедено преку 58 милиони тони CO2 кои би биле лансирани во атмосферата (ако се споредат со возила со традиционални мотори и слични перформанси). Дополнително, според Toyota, нивните автомобили имаат заштедено околу 22 милијарди литри гориво!

toyota-hibridi3

Првиот лансиран хибрид на Toyota беше Prius, а сега јапонскиот производител во својата гама нуди преку 30 различни хибридни возила, во повеќе од 90 различни пазари. Кај нас се нуди Prius, но и Auris Hybrid и Yaris Hybrid, а тука се и хибридните модели на луксузниот Lexus – CT200h, IS300h, NX300h, како и хибридните изведби на GS и LS.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.