Altea и Altea XL одат во пензија, ќе ги замени новиот SUV на SEAT! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Altea и Altea XL одат во пензија, ќе ги замени новиот SUV на SEAT!

Популарните повеќенаменски возила на шпанскиот огранок на Volkswagen групацијата одат во пензија, а нивната замена треба да се појави наскоро – во форма на долго-највуваниот SUV на SEAT!

Иако одамна се шпекулираше дека Altea нема да добие своја замена, сега потврдата доаѓа од повеќе извори – Volkswagen групацијата сака да го прекине производството на непрофитабилните модели, па во историјата одат Seat Altea, Volkswagen Eos, а можно е и Scirocco да се најде меѓу нив.

Сепак, купувачите на Seat имаат на што да се радуваат – шпанскиот бренд неодамна го претстави интересниот концептен SUV кој го носи името 20V20, и кој според нашите извори е навистина блиску до серискиот модел кој наскоро треба да се појави. Моделот ќе биде претставен следната година на саемот во Женева. Според најавеното, Seat ќе лансира уште еден, помал SUV во 2017 кој треба да се натпреварува со модели како што е Nissan Juke.

Очигледно е дека Seat ги следи светските трендови. Новиот Leon се покажува како навистина популарен, па дизајнерите и челниците на Seat настапуваат со оправдана самодоверба.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.