SEAT во Женева најавува интересен SUV со 20V20 концептот! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

SEAT во Женева најавува интересен SUV со 20V20 концептот!

Со 20V20 концептот за SUV, шпанскиот огранок на Volkswagen групацијата најавува сериозен и амбициозен влез во категоријата на теренски автомобили!

Според претставниците на SEAT, 20V20 „го комбинира динамичниот стајлинг на спортско купе со четири врати со елеганцијата на SUV и практичноста на компактен автомобил.“ Сега за сега навистина ни се допаѓа концептот, но ќе видиме како дизајнерскиот јазик на 20V20 ќе биде пренесен во серискиот автомобил.

Концептот е долг 4660 милиметри и има меѓуоскино растојание од 2790 милиметри и со тоа е значително поголем од својот постар брат Leon кој е долг 4263 милиметри и има меѓуоскино растојание од 2637 милиметри. Нема објавено детали за тоа што го придвижува концептот, но од SEAT најавуваат дека во серискиот автомобил ќе се вградуваат веќе очекуваните TSI и TDI мотори на Volkswagen, но и дека можеме да очекуваме и Plug-In хибридна варијанта. Кај концептот, силата се пренесува кон сите четири тркала преку DSG менувач со двојна спојка и електронски-контролиран погон на сите четири тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.