Aston Martin претстави неочекуван концепт во Женева – кросоверот наречен DBX! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Aston Martin претстави неочекуван концепт во Женева – кросоверот наречен DBX!

Aston Martin има големи планови – а еден дел од тие планови е новиот, луксузен интерконтинентален крстосувач кој доаѓа во форма на концептот со погон на сите четири тркала наречен DBX!

Претседателот на Aston Martin – Др. Енди Палмер – по претставувањето на DBX го изјави следното: „DBX концептот го предизвикува постоечкиот статус кво во сегментот на луксузни GT возила. Замислува свет кој не е премногу далеку, каде луксузното GT патување не е само елегантно и ексклузивно, туку и практично, фамилијарно и еколошки-поприфатливо.“

Ние мораме да се согласиме дека DBX поставува нови прашања во овој сегмент – сепак, тука зборуваме за високо-поставен кросовер со интересни пропорции и погон на сите четири тркала и нема никаков мотор на внатрешно согорување – се користат четири електромотори поставени кај тркалата, кои влечат енергија од литиум-сулфурни ќелии. Интересна е и бојата која се нарекува Black Pearl Chromium, која има задача да го имитира сјајот на вистинските црни бисери.

Во зависност од реакциите на потенцијалните купувачи, Aston Martin ќе одлучи дали серискиот модел да го базира на овој дизајн, или пак да го редизајнираповторно моделот за да ги задоволи желбите на богатите клиенти и на јавноста.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.