Освежениот Hyundai ix20 претставен во Женева! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежениот Hyundai ix20 претставен во Женева!

Hyundai значително го освежи компактното повеќенаменско возило и го претстави на Саемот на Автомобили во Женева!

Малиот ix20 доби значително редизајнирање и сега ги следи линиите на тековните дизајнерски насокина брендот. Веднаш се забележуваат новите предни светла како и широката наска на ладилникот, а ќе можат да се добијат и нови 16 и 17-инчни тркала. Во внатрешноста купувачите ќе добијат нов аудио систем со 1 GB капацитет за зачувување музика, како и USB и AUX поврзување.

Стандардно, ix20 ќе доаѓа со ESP, ABS и EBD, како и шест воздушни перничиња. Техничките освежувања вклучуваат нов шест-степен автоматск менувач и дискретно подобрени мотори – дизелските  мотори добиваат повеќе вртежен момент и сега 1.4-литарскиот и 1.6-литарскиот турбодизел ќе нудат 240, односно 260 Nm вртежен момент од само 1500 вртежи во минута, додека 1.6-литарскиот бензинец може да се добие со нов 6-степен автоматски менувач кој го заменува стариот 4-брзински автоматик.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.