full screen background image
Search

Премиера: Lamborghini Aventador SV – разјарен италијански бик со 750 коњски сили!

Lamborghini ја претстави екстремната, SuperVeloce изведба на Aventador која доаѓа со 750 коњски сили и има максимална брзина од 350 километри на час!

Рецептот за Super Veloce е прилично едноставен – намали ја тежината, зголеми ја моќноста. Согласно рецептот, Aventador SV „ослабе“ околу 50 килограми, но истовремено доби и околу 60 коњски сили зголемена моќност од големиот 6.5-литарски атмосферски V12, па сега има на располагање дури 750 коњски сили, како и 690 Nm вртежен момент!

Преведено во перформанси, тоа значи бенчмаркот од 100 километри на час се поминува за само 2.8 секунди, а максималната брзина изнесува 350 километри на час, а моторот „се врти“ до импресивни 8500 вртежи во минута. Како што и очекувавме, за многу компоненти сега се користи карбон, како и компоненти од екстра-лесен алуминиум. Можете да забележите поекстремни аеродинамични елементи, а во ентериерот веќе го нема мултимедијалниот уред и конзолата со инструменти е ексклузивно напревена за Aventador SV.

Сакате Aventador SV? Цените започнуваат од само 327.000 евра. Без ДДВ, секако.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.