Winner Осигурување ви овозможува да заштедите 1000 денари при регистрација на вашето возило! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Winner Осигурување ви овозможува да заштедите 1000 денари при регистрација на вашето возило!

Нашите пријатели од Winner Осигурување ви овозможуваат да заштедите 1000 денари кога ќе го регистрирате вашето возило!

Периодот од годината во кој возачите го регистрираат своето возило е пред сè период на значителни трошоци кои се задолжителни за секое возило кое учествува во сообраќајот. Затоа, токму во тој период голем дел од сопствениците на возила се обидуваат да најдат начин да го олеснат овој товар за нивниот буџет.

За жал, тоа не е нималку лесно, бидејќи најголемиот дел од трошоците предвидени за регистрација се фиксни и не зависат од давачите на услугите неопходни за комплетирање на процесот на регистрација.

На прво место тука се полисите за автомобилска одговорност кои ги издаваат осигурителните компании. Имено, домашниот пазар на осигурување во овој сегмент се` уште не е либеларизиран, т.е. цената на полисата ја утврдува Националното биро за осигурување преку чиј централизиран систем сите осигурителни компании ги издаваат полисите за автомобилска одговорност. Тоа значи дека во сите осигурителни компании цената за полисата за автомобилска одговорност е иста, така што каде и да ја извадите полисата трошокот ќе ви биде ист. Во овој дел од процесот на регистрација, единствено нешто што прави некаква разлика се подароците кои одредени осигурителни компании ги даваат за извадена полиса и можноста за плаќање на повеќе рати.

Втората ставка се давачките кон државата, кои исто така се фиксни и се уплаќаат на буџетските сметки, без оглед на тоа каде ќе решите да го осигурате вашето возило, така што и во оваа фаза на процесот на регистрација, можноста за заштеда е исклучена.

winner-vaucher

Конечно, сегметнот во кој постои можност за заштеда се трошоците за технички сервис, кои сервисите можат сами да ги одредат, меѓутоа и тие се во одредена рамка, односно ќе ве чинат речиси исто во сите техничи прегледи. Сепак, новост на пазарот е попустот за технички преглед кој компанијата Винер Осигурување го обезбеди за сите свои клиенти, во соработка со техничките сервиси на АМ Церт (Аутомакедонија) и кој изнесува 1000 денари. Имено, со извадена полиса за регистрација во филијалите на Винер во Скопје, ќе добиете ваучер со чие приложување во техничките станици на АМ Церт (Автокоманда, К. Вода, Стаклара) ќе ви биде веднаш одобрен попуст на сметката за технички преглед од 1000 днари.

Ова во моментов е единствениот начин каде што целиот корпус на услуги кои морате да ги платите за да го регистрирате вашето возило, ќе ве чини поефтино, а заштедата од 1000 денари можете да ја искористите за малку да го освежите вашиот миленик на четири тркала, макар со нови патосници или бришачи. Истовремено, во Винер со секоја полиса клиентите покрај ваучерот добиваат и вреден подарок и можност за плаќање на полисата на повеќе рати, со што клиентот добива најмногу за парите што секако мора да ги плати за полисата за автоодговорност.

Од Винер Осигурување најавуваат дека во моментов се во преговори за проширување на оваа бенефиција за нивните клиенти и во другите градови низ државата и очекуваат тоа да се реализира мошне скоро.

Извор: PR Winner Осигурување



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.