full screen background image
Search

Hyundai постави рекорд – ix35 со горивна ќелија помина 2383 километри за само еден ден!

Примерок на Hyundai ix35 со горивна ќелија помина 2383 километри и постави нов светски рекорд!

Високо-технолошкото возило се движело со просечна брзина од скоро 100 километри на час и во текот на 24 часа се движело скоро без престан – освен кога требало да застане да наполни гориво. Рутата која била подолга од 300 километри, и била од Vatenfall (во HefenCity, Хамбург) до станица на Shell со водород во Берлин автомобилот ја минал скоро 8 пати! Автомобилот има 136-коњски електромотор и литиум-полимерска батерија со капацитет од 24-киловат часови. Автономијата на овој модерен ix35 е скоро 600 километри!

Зад воланот биле Arnt-Gøran Hartvig и Marius Bornstein, a двата возачи не минувале многу време на станиците за полнење – полнењето на горивната ќелија со водород трае само три минути! Погледнете како Викингот и Научникот си поминале со ix35 Fuel Cell!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.