full screen background image
Search

Регулаторна: Бензините поевтинуваат 3.5 денари, дизелот 2 денари!

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи да ги намали малопродажните цени на горивата!

Согласно методологијата за пресметка на цените, горивата поевтинуваат во просек за 5.24%! Пресметано во реални вредности, тоа значи дека малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за 3.5 денари, и еден литар од овие горива ќе се продава по цена од 67.00, односно 69.00 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 2 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 51 денар.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.