Големиот германски седан кој веќе нуди многу технологија, сега ќе може да се нарача и со иновативен и напреден Head Up Display.
Иако не е прв производител кој ќе вградува издигнувачки транспарентен дисплеј над инструментите (неодамна возевме Mazda 6 која користи слична технологија), сепак новиот Head Up Display (HUD) на Volkswagen нуди дополнителни можности за персонализација. Според VW, на новиот HUD ќе можете да прикажете било каква информација сакате – брзина, насоки за навигација, препознавање на сообраќајни знаци, па и функционирањето на системите за асистенција.
Дисплејот е со релативно висока (за ваква технологија) резолуција од 480 х 240 пиксели, а возачот ќе може да одбере кои информации ќе ги прикаже преку централниот мултимедијален уред. Ние уште минатата година го возевме новиот Passat и останавме импресионирани од големиот германски седан кој има премиум претензии.