full screen background image
Search

Бензините поевтинуваат денар, дизелот половина денар!

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи – од вечерва цените на горивата се намалуваат во просек за 1.37%!

Согласно методологијата за пресметка на малопродажните цени која ја користи Регулаторната Комисија за Енергетика, од вечерва на полноќ цените на горивата се намалуваат во просек за 1.37%.

Тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за еден денар, и еден литар од овие горива ќе се продава по цена од 70.50, односно 72.50 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за половина денар, и еден литар дизел гориво ќе чини 53 денари.

Како што напоменавме, цените стапуваат на сила вечерва на полноќ, а ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.