full screen background image
Search

Formula 1: Vettel стигна до убедлива победа на Hungaroring!

Sebastian Vettel без посебен напор извозе до неговата (и на Ferrari) втора победа оваа сезона – но сепак зад него имаше акција, па Daniil Kyvat од Red Bull стигна на второто место, а Daniel Ricciardo заврши на третата позиција!

Ова беше катастрофална трка за сребрените стрели. Lewis Hamilton стартуваше од пол-позицијата, но ја напушти патеката и падна на 10-тото место уште на првата етапа. Понатаму во трката доби и казнено поминување низ боксот заради контакт со Ricciardo, и конечно заврши на шесттата позиција.

Неговиот тимски колега Nico Rosberg го очекуваше второто место, но по контакт со Ricciardo имаше дупната гума и мораше да се задоволи со осмата позиција.

Edifice-baner-600

Уште до самиот старт започнаа возбудите и казните. Vettel рипна во водство уште на самиот старт, а зад него беше Kimi Raikkonen. На средината на трката Vettel беше пред Raikonnen цели осум секунди, а зад нив беше Rosberg со закаснување од дополнителни 11.8 секунди. Напорите на Hamilton го донесоа на четвртото место на средината на трката, но сепак не успеа да го задржи ова место до крајот.

На крајот на оваа возбудлива трка, Hamilon сè уште го има водството во генералниот пласман со 202 поени, зад него е Rosberg  со 181, но веќе почнува да им се наближува и Vettel со 160 поени. Меѓу конструкторите води Mercedes со 385, на второ место се Ferrari со 236, а на третото место се Williams со 151.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.