full screen background image
Search

Регулаторна одлучи – од вечерва поскапуваат бензините, поевтинува дизелот!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва ќе купуваме поскап бензин, но поевтин дизел!

Согласно методологијата за пресметка на цените, од вечерва малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 1.63 проценти.  Од вечерва, цените на бензините се зголемуваат за 0.50 денари, и еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 71.50, денари, а еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 73.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1.50 денари, и од вечерва на полноќ, еден литар ќе чини 53.50 денари. Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.