full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: The Pinnacle Portfolio – Колекција вредна 65 милиони долари!

Наскоро на аукција ќе се најде една од најдобрите автомобилски колекции во светот – колекцијата позната како Pinnacle Portfolio, која вреди неверојатни 65 милиони долари!

Колекцијата има 23 прекрасни автомобили, а меѓу нив ќе најдете Bugatti Veyron Supersport, Lamborghini Reventon, Porsche 959, Lamborghini Countach, исклучителен примерок на Lamboghini Miura, Koenigsegg CCX-R, Toyota 2000GT, Ferrari 250LM, Jaguar XJ220, Maserati MC12, McLaren F1 LM, Mercedes-benz 300SL Gullwing,  Mercedes-Benz SLR McLaren, Porsche 356, Saleen S7 Twin Turbo, па дури и уникатниот Ferrari Enzo кој своевремено му припаѓаше на Папата.

Неверојатна колеција, зарем не? Можеме само да им завидуваме на сегашниот, но и на идниот сопственик.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.