Утринска Гимнастика: Најстариот купувач на SEAT има 94 години! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Најстариот купувач на SEAT има 94 години!

Чичко Michael Kearns од Ирска има полни 94 години, и неодамна го подигна својот нов автомобил – малиот Seat Mii!

Чичко Мајкл е од малото ирско село Killeagh, а „по професија“ е пензиониран поштар. Тој кажува дека му бил потребен нов автомобил за да ги задоволи неговите секојдневни потреби, па се одлучил за малиот Seat Mii. Според тоа што самиот го кажува, тој поминува кратки дистанци, но сепак редовно оди на плажа, ја посетува својата фамилија или пак оди во црква – и сето тоа го прави сам!

Сепак, чичко Мајкл е вистински вљубеник во автомобилите – признава дека од време на време сака едноставно да искочи и да се повози, иако можеби нема конкретно каде да оди. „Навистина ужувам во возењето“ – кажува чичко Мајкл. Вистински ентузијаст, зарем не?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.