Новиот Audi RS7 Piloted Driving концепт е 400 килограми полесен од својот претходник! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Audi RS7 Piloted Driving концепт е 400 килограми полесен од својот претходник!

Германскиот производител продолжува да ја подобрува технологијата за автономно возење – а значителниот напредок се демонстрира токму со намалената тежина.

Audi им дава прекари на своите автономни концепти – минатиот концепт го носеше прекарот „Bobby“, а новиот, 400 килограми полесен концепт го носи прекарот „Robby“. Без сомнение, Роби има значително подобри перформанси од Боби, и покрај идентични 560 коњски сили кои ги имаат на располагање.

audi-piloted-rear

На патеката Sonoma која е долга 4050 метри, новиот концепт возел круг по круг, секој пат возејќи ја идентичната траекторија. Според Thomas Muller, човекот одговорен за развој на системи за кочење, управување и помош при возењето во Audi, концептот постигнал времиња на патеката кои се карактеристични за професионалните возачи.

Audi ќе понуди технологија за автономно возење во следната генерација на Audi A8, која треба наскоро да се појави на пазарот. Пред неколку месеци, друг Piloted Driving Концепт кој го носеше прекарот Џек возеше сам од Силиконската Долина до Лас Вегас. Нешто подоцна, истиот автомобил возеше на германскиот аутобан при брзини до 130 километри на час. Системите за автономно возење на Audi, покрај возењето на автопат, можат да ја преземат улогата на возач при паркирање, како и на отворен пат во „тргни-застани“ услови при брзини до 60 километри на час.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.