full screen background image
Search

Бензините поскапуваат за денар, односно денар и половина, дизелот поевтинува половина денар

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи од вечерва да ги зголеми малопродажните цени на бензините за денар, односно денар и половина, а цената на дизелот да ја намали за половина денар.

Согласно методологијата која РКЕ ја користи за пресмета на цените, малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.14%. Од вечерва, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 1.00 денари и еден литар ќе се продава по цена од 71.50 денари. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 1.50 денари и еден литар ќе се продава по цена од 73.50 денари. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ-от се намалува за 0.50 денари и еден литар ќе чини 56.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ, и како и секогаш – ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.