full screen background image
Search

TopCar Stinger GTR – Тјунирано Porsche на вистинскиот начин!

Многу ретко гледаме тјунирано Porsche 911 кое навистина ни се допаѓа – но токму тоа го добивме кај одличниот Stinger GTR од TopCar!

Основата за овој пакет е 911 Turbo S, модел кој ние веќе добро го познаваме, а тјунинг пакетот вклучува и нови предни и задни браници, странични прагови, нова преден поклопец и модифицирани влезови за воздух. Фабричките тркала се заменети со одлични ADV5 MV2 SL од Adv.1, со димензии 21х9 напред и 21х11.5 позади. Секако, тјунингот не би бил целосен доколку не е малку „чепнат“ и моторот – па моќниот 911 Turbo S сега има на располагање уште 60 коњски сили и 130 Nm вртежен момент – вкупно 620 и 880.

Тјунинг пакетот од TopCar ќе ве чини не незначителни 34.800 евра. Не е многу, ако се потсетите дека 911 Turbo S веќе чини околу 250.000 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.