Alpine Celebration Concept претставен на Le Mans! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Alpine Celebration Concept претставен на Le Mans!

Alpine го слави 60-тиот роденден, а најдобриот начин да го прослават јубилејот е со концепт кој го најавува серискиот модел, закажан за идната година!

Купето со две седишта ги задржува класичните пропорции и традиционалниот облик на Alpine, но со очигледна модерна интерпетација на дизајнерскиот јазик, а истовремено ја задржува и традиционалната сина боја на брендот. Нам концептот скоро од секој агол ни изгледа одлично и скоро и да немаме никакви забелешки – и повеќе од очигледно е дека е инспирацијата е влечена од легендарниот Alpine A110.

Секако, користени се лесни материјали како што се карбонските влакна, а многу детали се истакнати во силна портокалова боја – истата во која се офарбани шепите на кочниците. Сега за сега нема никакви технички детали околу моторот кој го придвижува концептот, но од Renault најавуваат дека автомобилот ќе се појави на неколку важни автомобилски настани оваа година, меѓу кој и Goodwood Фестивалот на Брзината.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.