Ford GT се враќа на Le Mans! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford GT се враќа на Le Mans!

Легендарниот Ford се враќа на Le Mans во 2016 со комплетно новиот Ford GT, одбележувајќи ја 50-годишнината од победата во 1966!

Ford денеска објави дека се враќа на една од најпрестижните автомобилски трки во светот со новиот Ford GT тркачки автомобил, базиран на комплетно новиот спортски автомобил кој оди на продажба следната година.

Тркачкиот Ford GT ќе се натпреварува во 24-часовната трка на Le Mans = од многумина окарактеризирана како Големата награда во Издржливост и Ефикасност – почнувајќи од следната година. Претставено денес на познатата патекаvo Франција, Ford GT тркачкиот автомобил ќе се натпреварува во GT-класата на про издржливост на легендарната 24-часовна трка на издржливост.

ford-gt-racecar-top

Новото спортско возило – натпреварувачка верзија кој е доказ на Ford-овите иновации – е базирано на новиот Ford GT супер спортски автомобил и кој беше претставен во Јануари. Обата, возилото во производство и тркачкиот автомобил ќе пристигнат во 2016 г. кога ќе се одбележи 50-годишнината од Ford GT тркачките автомобили каде ги освоија позициите 1-2-3 на 24-часовната трка во 1966 на Le Mans.

„Кога GT40 се натпреваруваше на Le Mans во 1960-тите, Хенри Форд II се обиде да докаже дека Ford може да ги победи во издржливост тркачките производители“ – вели Бил Форд, извршниот директор во Ford Motor Company. „Ние сме екстремно горди што имаме победено четири пати по ред, и тој ист дух кој ја води иновацијата зад првиот Ford GT не води и до ден денес.“

Новиот Ford GT тркачки автомобил ќе се натпреварува во комплетниот календар за 2016 на Светскиот Шампионат во издржливост и TUDOR Обединетиот Шампионат на спортски автомобили, кој ќе дебитира во конкуренцијата во Јануари 2016 на Rolex24 во Дејтона, Флорида. Ford тимовите ќе бидат менаџирани од Чип Ганаси Рејсинг со Феликс Сабате (CGRFS). И двата шампионата, Светскиот шампионат во Издржливост и TUDOR обединетиот шампионат на спортски автомобили и нивните тимови имаат намера да се натпреваруваат со четири автомобилскиот труд на Le Mans. Возачите ќе бидат објавени подоцна.

ford-gt-racecar-rear

Новиот Ford GT служи како врвен производ на новата Ford Performance Групација, дивизија која е посветена на иновациите преку перформанси.

Поврзано:   Ford Kuga добива освежен изглед и обновен хибриден погон

Создаден да обезбеди повеќе од 12 нови перформански возила до 2020, Ford Performance ќе ги зголеми своите тркачки напори и експертиза на брзински иновации на посветените модели на перформанси и перформански делови во поглед на побрзо вклучување на најновите технологии кои можат ултимативно да бидат применети на Ford-овата линија.

Перформанскиот сегмент е растечки бизнис за Ford, бидејќи компанијата ги препознава потрошувачките желби за возила со одлична горивна ефикасност, водечки технологии и одлично возачко искуство. Ford Performance линијата вклучува Ford GT, Focus RS, F-150 Raptor, Shelby GT350 и Shelby GT350R, Focus ST и Fiesta ST.

„Ford останува фокусиран глобално на три приоритети – забрзувајќи го нашиот план Еден Ford, доставувајќи производна совршеност со страст и возачки иновации во секој дел од нашиот бизнис“ – вели Марк Филдс, претседател и CEO на Ford Motor Company.

„Сите три се здружија да создадат нов Ford GT. Исто така знаеме од нашата богата историја во мотоспортот дека светската конкуренција е најдобар инкубатор за уште подобри производни иновации.“

ford-gt-racecar-side

Во Ford GT тркачките карактеристики вклучуваат бројни иновации кои Ford верува дека не само што ќе се натпреваруваат во GT-класата за про издржливост, туку и ултимативно обезбедува бенефити за секое возило во Ford-овата линија. Овде се вклучува ремек делото од аеродинамичност за да обезбеди исклучителни нивоа на брзина за подобрена стабилност со минимално влечење, унапредени лесни делови кои вклучуваат карбонски влакна со исклучителна цврста но лесна шасија, и моќта и ефикасноста на EcoBoost моторот.

„Како што го развивавме Ford GT, стана јасно дека тоа е автомобил кој има тоа што е потребно за да се врати Ford во светот на GT трките“ – вели Raj Nair, потпретседателот на Ford групацијата за Глобалниот Развој на производи – „Ние веруваме во предностите на Ford GT во аеродинамиката, лесната тежина и EcoBoost моторот ќе направат атрактивен автомобил кој ќе биде спремен да се натпреварува на глобално ниво.“

Поврзано:   Ford ја претстави третата генерација Transit Connect

Извор: PR Ford



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.