Премиера: BMW ја претстави новата, втора генерација на X1! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: BMW ја претстави новата, втора генерација на X1!

Втората генерација на X1 доаѓа со многу новитети – меѓу кои е и новата платформа која ја дели со серијата 2 и е примарно на преден погон!

Генерацијата која е во заминување ја делеше платформата со минатата генерација на Серијата 3, поточно со караванската изведба на BMW 3. Новата генерација X1 е базирана на UKL1 архитектурата која е основа за најновата генерација на Mini, Како и BMW 2 Series Active Tourer и BMW 2 Series Gran Tourer. Со промената, моторот веќе не е поставен надолжно, туку попречно, како би се добила поефикасна искористеност на просторот.

Европските купувачи при лансирањето ќе можат да изберат меѓу два 2-литарски бензинци – тука ќе бидат sDrive20i (со погон на преден погон) и xDrive20i (со погон на сите четири тркала) со 192 коњски сили и 280 Nm вртежен момент, како и xDrive25i со 231 коњска сила и 350 Nm вртежен момент. Доколку сакате турбодизел, тука се sDrive18d (со погон на предните тркала) со 150 коњски сили и 330 Nm, но и моделите со погон на сите четири тркала со ознаките xDrive20d со 190 коњски сили и 400 Nm, и xDrive25d со 231 коњска сила и 450 Nm вртежен момент.

BMW планира во понудата да додаде и три-цилиндерски турбо-бензински и турбодизелски мотори, а од самиот почеток ќе се нудат 6-степени мануелни и 8-степени автоматски менувачи.

Новиот X1 ја следи дизајнерската филозофија која веќе ја познаваме од другите модели на BMW, и изледа налик 2-Series Active Tourer и фејслифтираниот BMW X3. Автомобилот е долг 4439 милиметри, широк 1821 милиметар и висок 1598 милиметри. Ќе се нудат неколку нивоа на опрема – Advantage, Sport Line, xLine и M Sport.

Поврзано:  Dahler го тјунираше моќниот BMW M3 CS

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.