Повелете на Второто Car Show во Гевгелија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Повелете на Второто Car Show во Гевгелија!

На 7ми Јуни оваа година ќе се одржи второто Car Show во Гевгелија – а судејќи по минатогодинешниот настан, и оваа година нè очекуваат многу автомобили, одлична забава и одлично дружење!

Организаторите ветуваат дека овогодинешното Шоу ќе биде најголемото во републиката, и најавуваат присуство на преку 400 возила! Пријавените возила ќе се натпреваруваат во 5 различни категории – и тоа Oldtimers, Youngtimers, Tuned Cars, Sound Quality Check и All Cars. Оние кои сè уште не се пријавиле, а планираат да учествуваат во натпреварот можат тоа да го направат на tuningshowgevgelija@yahoo.com, и притоа да ги остават основните податоци за возилото:  марка, модел, регистарски број, категорија во која ќе се наптреварува возилото, како и фотографија од истото.

Кар шоуто во Гевгелија беше еден од најдобро организираните настани минатата година, а ние си поминавме одлично – и нема причина да се сомневаме дека и оваа година ќе биде така. Погледнете ја галеријата од минатогодинешниот настан и подгответе се за забава и дружење на почетокот на Јуни! Се гледаме во Гевгелија, а за повеќе информации погледнете на официјалната страница за настанот на Facebook!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.