full screen background image
Search

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува!

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи дека од вечерва ќе имаме поевтин бензин и за нијанса поскап дизел!

Согласно методологијата за пресметка на цените која ја користи Регулаторната Комисија за Енергетика, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.66%. Од вечерва, цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по 1.5 денари, и еден литар од овие горива ќе се продава по цена од 70.50, односно 72.50 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 0.5 денари, и еден литар ќе се продава по цена од 58 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.