Euroimpex ја презентираше својата понуда за тјунинг на сите видови возила! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Euroimpex ја презентираше својата понуда за тјунинг на сите видови возила!

Покрај софтверското тјунирање на возила, од неодамна Euroimpex нуди производи од гамата на Vogtland и Ragazzon!

Професионалното работење и успешното застапство на CSS Professional Tuning софтверите од Словенија и Alientech уредите од Италија, доведоа до зголемување на полето на работа во сферата на тјунингот и „Еуроимпекс“ како Генерален застапник ја надгради својата понуда со италијанскиот бренд Ragazzon за висока класа на спортски издиви и германскиот бренд Vogtland за суспензија со високи перформанси.

Vogtland амортизерите обезбедуваат врвен квалитет и врвни перформанси на суспензијата. Станува збор за реномиран и добро познат бренд на јавноста со повеќе од 100 годишна традиција. Во саботата (16-ти мај) посетителите на настанот за компаративно тест возење имаа можност да тестираат и споредуваат. Присутните, имаа прилика да го возат „Автомобилот на годината за 2014-та“ во Европа, Peugeot 308 и тоа во две изведби: нетјунирано возило со 1.6 HDi мотор и 92КС и тјунирано возило со истиот мотор но со добиени 115КС, вграден Ragazzon издув и аплицирана Vogtland суспензија која возилото го прилепи до земја за дополнителни 2cm.

Погледнете како изгледаше презентацијата!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.