Премиера: Екстремен и хибриден – Volkswagen Golf GTE Sport Concept – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Екстремен и хибриден – Volkswagen Golf GTE Sport Concept

Премиерите на овогодинешниот Worthersee продолжуваат – и Volkswagen го прикажа најважниот новитет, кој доаѓа во форма на хибридниот Golf GTE Sport Concept со 400 коњски сили!

За изработката на овој екстремен концепт користен е воглавно карбон, а под поклопецот на моторот се крие 1.6-литарски TSI кој нуди 299 коњски сили и 400 Nm вртежен момент (и влече потекло од Polo R WRC), како и два електромотори – еден на предната, еден на задната оска. Секој електромотор произведува 115 коњски сили, но предниот произведува 330 Nm, а задниот 270 Nm вртежен момент.

Вкупната моќност на системот е 400 коњски сили и 670 Nm вртежен момент, благодарение на кои концептот забрзува до 100 километри на час за 4.3 секунди и има максимална брзина од 280 километри на час. Автомобилот може да помине на само на струја до 50 километри. Погонот е кон сите четири тркала, а според Volkswagen троши само 2 литри гориво на 100 изминати километри.

Ентериерот е екстремен исто како и екстериерот – има две целосно одвоени седишта, а вратите се отвораат нагоре како на ултра-економичниот Volkswagen XL1. Според Volkswagen, Golf GTE Sport најавува „како би можеле GT верзиите на Golf да изгледаат во иднина!“

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.