full screen background image
Search

Ford Fiesta добива нови мотори, нови бои и нова опрема!

Најпопуларниот мал автомобил во Европа – Ford Fiesta – ќе добие нови мотори, како и нова опрема и нови бои.

Новите бои се нарекуваат Magnetic, Candy Red и Silver Silk, и можете да ги видите на фотографиите. Она што е ново е изменетиот Fiesta ECOnetic модел, кој сега го носи 1.5-литарскиот TDCI, и кој ветува потрошувачка од само 3.2 литри дизел на 100 километри и екстремно ниска емисија на CO2 од само 82 грама на изминат километар.

Дополнително, Fiesta Red и Fiesta Black моделите ќе можат да се нарачаат со 125-коњскиот 1-литарски EcoBoost турбо-бензинец, или пак со 95-коњскиот TDCI турбодизел, а Titanium и Sport верзиите ќе можат да се нарачаат со 1-литарскиот EcoBoost со 140 коњски сили, кој досега беше достапен само кај Fiesta Red & Black.

Во однос на новата опрема, има некои нови детали кај различните нивоа на опременост (Trend добива управувач и менувач обложени со кожа, Titanium добива хромирана долна решетка на ладикникот, итн), а во понудата ќе се најдат и нови 16-инчни алуминумски фелни, итн. Кај некои бои, купувачите ќе можат да нарачаат и контрастна боја на кровот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.