full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Seat Leon Cupra ST е најбрзиот караван на Nurburgring!

Жешкиот караван на Seat тукушто постави нов рекорд на легендарниот „Зелен Пекол“, и притоа постигна подобро време од многу помоќни автомобили!

Под поклопецот на моторот на Leon Cupra ST се крие 2-литарски турбо-бензинец со четири цилиндри кој испорачува 280 коњски сили и 348 Nm вртежен момент – моќност која во вистинските раце може да направи чудо. Зад воланот беше шпанскиот тркач Jordi Gene, кој успеа моќниот караван да го „истера“ околу Nurburgring само само 7 минути и 58 секунди!

Од кои автомобили е Leon Cupra ST побрз? Меѓу другите, вреди да се споменат BMW M3 CSL, Dodge, Viper SRT-10, Nissan Skyline GTR R33, Aston Martin DBS, Mercedes-Benz CLK 63 AMG Black, Camaro SS, ALfa Romeo 4C, Ferrari 355 GTB, Lotus Exige S и други.. Одличен подвиг на Seat!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.